На 21. март 2019. година, училишниот психолог Светлана Аспровска Тодоровиќ, заедно со учениците од втора година, реализираа две активности во рамки на темата “Грижата за другите е грижа за себе”.
Во рамки темата се одвиваа две паралелни активности. Активноста на тема екологија, каде учениците дизајнираа корпи за рециклирање и активноста по повод одбележување на различноста, односно Денот на Даунов синдром, за време на која беше прочитан текст за значењето на денот и изработено пано. Притоа децата носеа шарени чорапчиња кои се симбол на различноста.
Целите на активноста се: надминување на стереотипите и предрасудите кон другоста во непосредното опкружување, поддржување конструктивна комуникација и соработка меѓу учениците од две различни етнички групи како и поддржување самоорганизацијата на учениците за време на реализација на заеднички активности.