(27.11.2010) На 27.11.2010 гдина учениците од проектот за интегрирано и двојазично образование учествуваа во хуманитарниот караван “Хумано срце“ кој што беше организиран во општина Струмица. Караванот имаше за цел преку донирање на конзервирани производи кои ќе бидат продадени да се соберат средства за лекување во странство за пет деца кои боледуваат од специфични болести. Учениците од проектот освен со донирање на производи настапија со музичка точка и ликовни творби изработени на часовите од воннаставните активности.  За личниот ангажман на учениците беа наградени со II место на ниво на општина. Иако се толку мали, сепак се големи хуманисти! Во знакот на хуманоста освоената награда ја поделија со сите учесници на хуманитарната акција.