Во текот на октомври 2018. година, тандемот Благој Кочевски и Теља Јусуфи со учениците од шесто одделение реализираа активности од Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.

Наставниците преку различни игри ги запознаваа учениците со Нансен модел за интеркултурно образование. Учениците имаа можност да соработуваат и да се запознаваат преку активностите.

Цели на активностите се поттикнување конструктивни соработнички односи меѓу учениците од различни етнички заедници, сензибилизирање на учениците за почитувањето на меѓусебните различности, надминување на стереотипите и предрасудите кај учениците поврзани со нивното етничко и културно потекло.