Во текот на првите месеци од учебната 2018/2019 година, наставниците Емилија Прчкова и Атиџе Сеити со учениците од осмо одделение реализираа активности од Медиумско-сценска секција во рамки на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.

Учениците се претставија и преку разни игри дознаваа повеќе за своите соученици. Користеа ливчиња на коишто беа напишани одредени чувства  (љубов, љубомора, завист, тага, среќа, радост, лутина, страв, срамежливост) и преку невербална комуникација што ја покажаа, одглумија за кое чувство станува збор.

Цели на овие активности се: поттикнување успешна групна и тандемска соработка, поддржување позитивна социо-емоционална клима во групата, поттикнување меѓусебна интеракција, охрабрување на учениците за невербално комуницирање во двојазично опкружување, зајакнување на самодовербата кај учениците како и поттикнување на детската оригиналност и креативност.