Истанкати тандеми на наставници за учебната 2014/ 2015 година

Еден од главните настани кои ја одбележаа оваа учебна година беше номинацијата и селекцијата на најуспешните тандеми на наставници кои се во улога на реализатори на интегрираните воннаставни активности според Нансен моделот за интегрирано образование. Истакнатите тандеми на наставници беа избрани врз база на постигнатите резултати при процесот на планирање и реализација на интегрираните активности кои беа поткрепени со евалуација и редовни опсервации.

На 10 јуни 2015 г. беше организиран настан на кој НДЦ Скопје им додели признанија на истакнатите тандеми на наставници за континуираната успешна имплементација на Нансен моделот за интегрирано образование во текот на учебната 2014/2015 година. Признанијата им беа доделени на: Зујца Стојанова и Дениз Реџепов од ООУ „Гоце Делчев“ – Конче, Габриела Мерџаноска и Нагихан Снопче од ООУ „Гоце Делчев“- Гостивар, Радица Ацевска и Мирсада Идризи од ООУ „Лирија“- Тетово.

Фондацијата за интегрирано образование додели награди за истакнатите тандеми на наставници за 2014/2015 година

На 19 и 22 јуни, 2015 година, директорот на Фондацијата за интегрирано образование, Ветон Зеколи, ги врачи наградите на истакнатите тандеми на наставници за учебната 2014/2015 година кои беа номинирани и селектирани од страна на Нансен дијалог центар Скопје. Наградата „Истакнати тандеми на наставници“ за првпат се воведува оваа година со цел да се оддаде признание и поддршка за наставниците кои се истакнуваат со нивниот професионализам, посветеност и континуирана квалитетна имплементација на програмите за интегрирано образование според Нансен моделот за интегрирано образование во рамките на нивните училишта.

Наградата ќе се доделува традиционално секоја година од страна на Фондацијата за интегрирано образование во партнерство со Нансен дијалог центар Скопје со цел препознавање, поддршка и промовирање на истакнати наставници во полето на интегрираното образование.