15 јануари, 2018 година- Нансен дијалог центар Скопје изразува благодарност до сите основни и средни училишта кои доставија целосни апликации во рамки на предвидениот рок на повикот објавен на ден 10.12.2017 година. Јавниот повик беше објавен од страна на Нансен дијалог центар Скопје во соработка со Министерството за образование и наука со цел избор на нови 3 (три) основни и/или средни модел – училишта во кои ќе се примени „Концепцијата за интеркултурно образование“.

Согласно наведените критериуми за избор на модел- училишта во кои ќе се спроведе Концепцијата за интеркултурно образование, како потенцијални модел-училишта ќе се разгледуваат во понатамошната фаза на селекција следните училишта:

– Средно техничко општинско училиште „Гостивар“ – Гостивар

– Основно општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ – Радовиш

– Средно општинско училиште „Гостивар“ – Гостивар

Следната фаза на селекција предвидува реализација на посета во горенаведените училишта со цел да се проверат информациите и акцискиот план кои се дел од апликацијата, и врз база на кои ќе се донесе конечната одлука за избор на модел училишта.

Училиштата:

– ООУ „Врапчиште“ – Врапчиште

– ООУ „Единство – Башкими- Бирлик“ – Гостивар

– СОУ „Цар Самоил“ – Ресен

ќе имаат можност да бидат вклучени во програмите на Нансен тренинг центарот и во реализацијата на проектни активности со примена на моделот Нансен. Дополнителни детали околу овој вид на соработка ќе бидат презентирани за време на средбите со управите на овие училишта.