ОТВОРЕН ПОВИК

Нансен модел за интеркултурно образование преку проектни или слободни активности

 Почитувани наставници и професори,

поради пројавениот интерес од повеќе наставници и професори за спроведување на Нансен моделот за интеркултурно образование преку слободни или проектни активности, Ве известуваме дека НДЦ Скопје ќе ги поддржи сите наставници и професори кои завршиле основно и напредно ниво на обуки во рамки на Тренинг центарот при НДЦ СКопје, доколку пројават интерес за реализација на овој вид активности во текот на учебната година 2018/2019.

Реализација на проектни или слободни ученички активности според Нансен модел за интеркултурно образование, подразбира отстапување на програма изготвена од НДЦ Скопје за одредена секција (согласно возраста на учениците), која би била реализирана во групи на ученици коишто зборуваат различни јазици и се претставници на различни етнички заедници.

За професорите од средните училишта, постои можност преку овој вид на слободни активности да ги дополнат своите неделни фондови на часови, додека пак на наставниците од одделенска и предметна настава им сугерираме да ги запознаат своите училишни управи за оваа инцијатива, со цел дефинирање на статусот на овие часови.

Организирање на ваков вид на активности би бил најчесто со динамика 1-2 месечно, а како реализатори на истите треба да се јави наставнички тандем од различни говорни подрачја.

НДЦ Скопје ќе ги обезбеди сите неопходни и потребни работни и дидактички материјали за сите пријавени тандеми, кои континуирано во текот на целата учебна година ќе учествуваат во спроведувањето на проектните активности.

Ги замолуваме сите заинтересирани наставници, да се обратат до НДЦ Скопје (на следниве e-mail адреси: biljana.ndcskopje@nansen-dialogue.net и sonaj@ndc.net.mk) со назнака „Нансен проектни активности“ најдоцна до 10 септември, 2018 г., со цел навремено селектирање и доставување на годишна програма за овој вид на активности. Истите слободно можете да ги приложите кон годишните програми во Вашите матични училишта.

Со почит,

Тимот за образование, обука и развој при НДЦ Скопје