Од 25-26 мај, 2012 во Ќустендил, Бугарија – Норгес Вел организираше дводневен семинар на тема “Дијалог и интеграција во Балканот и во Европа”. Стајнер Брин – директорот на Нансен центарот за мир и дијалог – НЦМД (воедно и основачот на Нансен Дијалог Мрежата) и Сашо Стојковски – извршниот директор на НДЦ Скопје беа поканети како предавачи на семинарот со цел да го споделат нивното искуство од сферата на дијалогот, помирувањето и интегрираното образование. Учесници на семинарот беа претставници од општина Куманово и Липково, професори и директорот од ССУ “Киро Бурназ” и родители на ученици кои се собраа да ги дискутираат можностите и следните чекори во воспоставувањето на заедничка практична настава помеѓу учениците Македонци и Албанци за да се постигне повисоко ниво на интеграција помеѓу двете етнички заедници. Семинарот беше дел од проектот “Професионално образование – чекор напред кон подобра иднина” имплементиран од страна на Норгес Вел во Македонија.