Во текот на декември 2018. година, наставниците Кристина Стојанова и Зерин Кокаљари со учениците од шесто одделение реализираа активности од Уметничката секција на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.
За време на реализирање на активностите учениците користеа колаж со кој ги напишаа нивните имиња. Исто така, во зелена хартија напишаа убави асоцијации за секој член од своето семејство, додадоа цртежи и декорации, и на крај составија заедничка новогодишна елка.
Цели на активностите се конструктивно меѓусебно соработување, помагање при реализирање на заеднички активности, поттикнување на соработнички односи во групата со етнички хетерогена структура како и поттикнување на креативноста и оригиналноста кај учениците преку ликовното изразување и творење.