Во текот на јануари 2019., наставниците Весна Стојанова и Афредита Сали заедно со нивните ученици ја реализираа активноста “Коледе леде” во рамки на месечната тема “Празници” од Секцијата Запознај ја Македонија на Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.
Наставниците со нивните ученици разговараа за празникот Бадник, објаснија дека Бадник се нарекува денот пред Божиќ, според христијанската традиција. Учениците активно учествуваа во активностите, со задоволство соработуваа во изработка на коледарските торбички и се дружеа притоа учејќи ја и пеејќи ја коледарската песна Коледе-леде.
Цели на активноста се: развивање толерантен и космополитски поглед и дух кон различностите од јазичен, етнички, верски карактер и збогатување на активниот речник на учениците со повеќе културно социјални фрази вообичаени за различни пригоди, празници.