Во екот на вооружениот конфликт во 2001 година, Нансен дијалог центарот од Скопје (НДЦ), заедно со Pax Christi го организираше концертот ″Rock for Peace″, како придонес за намалување на тензиите и за поддршка на процесот на помирувањето.
Со овој настан се испрати и силната порака дека многу заеднички нешта ги поврзуваат луѓето во нашето општество, како важни елементи во градењето соживот.
На концертот настапија популарни имиња од македонската рок-сцена, како Бла Бла Бла, Архангел, Нон Стоп, Суперхикс и други, кои преку музика ја испратија пораката за прекин на вооружените дејствија.