На 12 декември 2012 година во Сараево, Босна и Херцеговина, НДЦ Скопје учествуваше на конференцијата за предизвиците на образовните реформи која се одржа по повод 10-годишнината од членство на Босна и Херцеговина во Советот на Европа. Настанот се одржа во Парламентарното собрание на БиХ. Темите дискутирани за време на конференцијата беа поврзани со предизвиците поврзани за реформите во образованието.

На конференцијата присуствуваа претставници од министерства, универзитети, невладини организации и здруженија кои имаат свој уддел во образовните процеси во БиХ и пошироко.

Конференцијата започна со излагањата на Министерот за цивилни прашања г-дин Средоје Новиќ, раководителката на канцеларијата на Советот на Европа во БиХ г-ѓа Мери Ен Хенеси и шефот на програмата на делегацијата на ЕУ во БиХ г-дин Холгер Шродер.

Главните точки што беа дискутирани за време на конференцијата беа:

– Надминување на дискриминацијата и сегрегацијата во образовниот систем, обврска на Босна и Херцеговина во областа на човековите права;

– Да се практикуваат и научат човековите права и демократијата;

– Проучување на демократијата и човековите права;

– Јазичната разноликост, културната разноликост во образование во европски контекст.

Во завршниот дел од Конференцијата, во делот посветен на јазична и културна разновидност во образованието во европски контекст, Деспина Стојановска претставник НДЦ Скопје, го претстави Нансен моделот за интегрирано образование (НМИО) како позитивен пример кој успешно се применува во Македонија. По теоретските перспективи кои беа претставени пред учесниците на конференцијата, практичната примена на интегриран образовен модел беше пренесена преку темелна презентација која пробуди интерес кај присутните за дополнителни прашања и размена на искуства кои се дискутираа дури и надвор од официјалната агенда на конференцијата.

Учеството на НДЦ Скопје на оваа конференција беше можност да се промовира Нансен моделот за интегрирано образование и да се воспостават нови контакти со некои од учесниците кои работат на исти или слични тематски подрачја.