Нансен Дијалог Центар Скопје организира Конференција за интегрирано образование која е интегрален дел од Основниот циклус обуки за интегрирано образование. Две групи на наставници се во процес на завршување на основниот циклус обуки за интегрирано образование кои се организирани и имплементирани во рамките на Тренинг Центарот основан во јуни 2012 година.
Основниот циклус обуки за интегрирано образование се состои од неколку нивоа на активности:
•Теоретски обуки и работилници- 5 модули,
•Практични обуки во Нансен модел училиштата- 2 модули,
•Предавања со локални експерти- 2 модули,
•Практична реализација на интегрирани воннаставни активности- 1модул,
•Конференција за интегрирано образование со меѓународни експерти- 4 модули.
Конференцијата за интегрирано образование ќе се реализира во Скопје, и ќе ги вклучи двете групи на наставници кои се во процес на завршување на основниот циклус обуки во рамките на Тренинг Центарот при НДЦ Скопје. Целта на конференцијата е да се зајакнат компетенциите кај наставниците користејќи го долгогодишното искуство и знаење на меѓународните експерти од Северна Ирска и Норвешка.
За да ја видите листата на меѓународни експери кои ќе учествуваат на конференцијата кликнете тука.