(01.06.2011) На 01.06.2011 е оддржана креативна работилница со родителите на учениците од двете генерации при ИДОУ. Родителите активно учествуваа во креирањето на сценографијата и костимографијата потребна за претстојната завршна приредба, со што уште еднаш ја потврдија својата партнерска улога на училиштето. Работилницата воедно беше одлична прилика за зајакнувањето на комуникацијата и интеракциските врски помеѓу родителите од двете етнички заедници.