Во периодот 4-7 јуни, 2013 година, НДЦ Скопје организираше три куклени претстави за учениците вклучени во проектот Нансен модел за интегрирано образование при основните училишта: Рајко Жинзифов (Исмаил Ќемали)- општина Чаир, Кочо Рацин- општина Петровец и Гоце Делчев- општина Конче . Учениците уживаа во интересната куклена претстава која беше организирана со цел да се одбележи успешно завршената учебна година 2012/2013.
