Во текот на мај 2019. година, училишниот психолог Светлана Аспровска Тодоровиќ, заедно со учениците од втора година, реализираа активности во рамки на темата “Културни стереотипи”.
За реализација на оваа активност, учениците работеа поделени во групи. Секоја група доби примерок на санта мраз во која се потенцираат карактеристики видливи на прв поглед за една култура како и суптилните карактеристики кои се појавуваат откако ќе запознаеме повеќе претставници од таа култура. Учениците имаа задача да напишат карактеристики на некој претставник од некоја култура и на крајот од активноста секоја група презентираше, а другите ученици дополнуваа или прашуваа доколку имаа нејаснотии.
Целите на активноста се: надминување на стереотипите и предрасудите кон другоста во непосредното опкружување, поддржување конструктивна комуникација и соработка меѓу учениците од две различни етнички групи како и поддржување самоорганизацијата на учениците за време на реализација на заеднички активности.