На 29. јануари 2019. година, наставниците Светлана Кочовска и Афердита Амедовска заедно со учениците од трето одделение спроведоа активности во рамки на месечната тема “Загадувачи на воздух” од Еко Секцијата на Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

Наставниците реализираа истражувачките активности во кои учениците активно учествуваа. Преку истражувачките активности учениците ги продлабочија нивните знаења, откриваа и осознаваа за одредени природни појави како што се: магла, смог и чад.

Цели на овие активности се: продлабочување на предзнаењата за карактеристиките на воздухот како еден од предусловите за живот, откривање на причинителите за одредени природни појави, поттикнување и негување на конструктивни соработнички односи при реализирањето на истражувачките задачи како и применување на стекнатите знаења во секојдневниот живот.