На 5 март, 2013 година, меѓународната недела на интегрираното образование беше одбележана и во основното училиште „Гоце Делчев“- општина Конче. Во текот на интегрираните воннаставни активности во рамките на проектот Нансен модел за интегрирано образование, учениците ја одбележаа неделата со заедничко цртање во отворениот спортски терен на училиштето. Овој настан беше одлична прилика за меѓусебно дружење на наставниците и учениците.