На 12.07.2022. е потпишан нов Меморандум за соработка, кој ќе ги поддржи заложбите на НДЦ Скопје и Министерство за образование и наука на Р. С. Македонија во реализирањето на разновидни интеркултурни инцијативи во основното и средното образование. Министерот за образование и наука, Ј. Шаќири и извршниот директор на НДЦ Скопје, В. Зеколи ја нагласија важноста на заедничкото делување и поддршка во збогатувањето на интеркултурната димензија во нашиот воспитно-образовен контекст.