На 27. февруари 2019. година, наставниците Кристина Стојанова и Зерин Кокаљари со учениците од шесто одделение реализираа активности во рамки на месечната тема “Моделирање” од Уметничката секција на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.

Активноста беше придружена од воведни игри. Учениците соработуваа меѓусебно и користејќи пластелин, тие изработија овошје и зеленчук како и кошнички во кои ги поставија изработените продукти.

Цели на активноста се: конструктивно меѓусебно соработување, помагање при реализирање на заеднички активности, поттикнување на соработнички односи во групата со етнички хетерогена структура како и поттикнување на креативноста и оригиналноста кај учениците преку ликовното изразување и творење.