Во месец декември 2018. година, наставниците Јагодa Митева и Кемал Алицов ја реализираа дневната активност„На автобуска станица“од месечната тема „Сувоземниот сообраќај“, во рамки на Сообраќајната секција од  Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности за второ одделение.

Учениците преку игра ја импровизираа автобуската станица, процесoт на патување, независното  однесување и безбедното движење по пат.

Целта на оваа активност е проширување на предзнаењата на учениците за сувоземниот сообраќај, оспособување на учениците за самостојно класифицирање насообраќајни средства и развивање надетската имагинација и креативностза сообраќајните средства.