(05.04, 2010) Трет ден Велигден. Како што е традиција пријателите одат едни кај други на гости и меѓусебно разменуваат црвени велигденски јајца кажувајки си Христос Воскресе – Навистина Воскресе.
Денес и ние наставничките и учениците од ИДОУ “Фридтјоф Нансен” од с. Прељубиште бевме на Велигденска трпеза кај семејството Симоски во с. Прељубиште.
Целта на оваа посета е првооделенците од двете етнички заедници да се запознаат со традиционалните обичаи по повод празникот Велигден.
На влезот во нивниот, дом не пречека домаќинката Лидија Симоска со топло добредојде, а потоа се погрижи секое дете да се смести на богатата велигденската трпеза, подготвена од нејзина рака.
На трпезата освен храна имаше велигденски украси, корпа со јајца бојадисани во разни бои. Задоволството кај децата беше големо.
На излегување од домот како што е и обичајот домаќините на секое дете му дадоа по едно црвено велигденско јајце.
Голема благодарност до семејството Симоски кои допринесоа учениците и ние да се чувствуваме пријатно во нивниот дом, и да си ја исполниме целта на нашата посета.