(17.05.2011) На 17 мај 2011 година учениците од ИДОУ заедно со наставничките го обележаа националниот празник на Кралството Норвешка преку активно учество во училишен интегриран двојазичен квиз. Бура на идеи кај учениците, испровоцирани од мноштво интересни прашања, го обележаа овој квиз во кој сите излегоа како победници благодарение на квалитетни знаења.
Квизот го проследија и дел од родителите, коишто со своето присуство ги поддржа и охрабрија учениците, а воедно ја продлабочија и својата соработка со наставничките и училиштето.
