На 9-10 март 2013 година, во Скопје, Р. Македонија, Нансен дијалог центар Скопје ја организираше првата Конференција за интегрирано образование со меѓународни експерти од Норвешка и Северна Ирска. Конференцијата за интегрирано образование беше планирана и реализирана во состав на основниот пакет обуки за интегрирано образование организирани и реализирани во рамките на Тренинг центарот- Нансен модел за интегрирано образование при НДЦ Скопје.
Конференцијата беше организирана со цел да се зајакнат компетенциите на наставниците во полето на интегрираното образование користејќи го долгогодишното искуство и знаење на меѓународните експерти.
За да го прочитате деталниот извештај од конференцијата, Ве молиме кликнете тука.