Наставничкиот тандем Фатмире Махмуди и Мирјана Невенова, кои нивните воннаставни активности според Нансен Моделот за интеркултурно образование ги реализираат во согласност со Уметничката секција, заедно со учениците од четврто одделение, ги реализираа првите активности за месец октомври 2018. година, на тема Нашето ликовно катче.
Учениците во групи цртаа ликовни средства со различни техники и истите ги именуваа на јазикот што го зборуваат. Секоја група презентираше и објаснуваше со која техника црташе и нивните изработки ги поставија во пано.
Цели на активностите се поддржување конструктивна комуникација и соработка меѓу учениците и наставниците од две различни етнички групи, поттикнување на креативноста и оригиналноста кај учениците преку ликовното изразување и творење, негување интерес за уметничкото творење како и осет за препознавање на естетското во ликовното творење, негување на детските таленти и способности во согласност со нивните индивидуални потенцијали.