Во текот на декември 2018. година, наставничкиот тандем Фатмире Махмуди и Мирјана Невенова реализираа активности во рамки на месечната тема Дизајнирање од Уметничката секција.

Учениците заедно ги дизајнираа нивните календари во соработка со другарите во групата, изразувајќи ја нивната креативност. На крајот на активноста групите ги презентираа дизајнираните календари.

Цели на активностите се поттикнување на креативноста и оригиналноста кај учениците преку ликовното изразување и творење, негување интерес за уметничкото творење како, усовршување на вештини за правилна примена на различни ликовни техники.