Креирањето на Програма Тренинг за тренери произлезе како иницијатива која има за цел надградување на знаења, усовршување на вештини и компетенции на сите образовни профили на учесници во обуките од основно и напредно ниво (за Нансен модел за интегрирано образование) кои биле успешно заокружени во Тренинг центарот при НДЦ Скопје.

Оваа програма е структуирана низ повеќе специфични области кои се базирани на повеќеслојни теми, кои ќе треба да ги познава, владее и практикува секој иден едукатор кој ќе биде вклучен во посочената програма.

Програмата е мошне комплексна, нејзино реализирање е подолгорочен процес, низ кој секој учесник ќе има можност да биде инволвиран во процесот на лична трансформација во духот на идејата, визијата на интегрираното образование, а со интенција таа трансформација да биде пренесена, рефлектирана, инцирана во работа со учениците, родителите, другите претставници на нивните матични училишта.

Личната трансформација на вклучените едукатори, се надеваме ќе биде основа за идна позитивна трансформација на училиштата, благодарение на детектираните придобивки и бенефити на Нансен модел за интегрирано образование за целокупниот воспитно-образовен процес во Р. Македонија.

Учесниците коишто ќе бидат вклучени во овој вид на тренинг ќе имаат можност за развивање, стекнување и усовршување на следни три вида на вештини и компетенции, како стандари на програмата, т.е.:

  • персонаперсонални и интерперсонални компетенции
  • крос-курикуларни компетенции
  • когнитивни и креативни вештини

Цели на Програма Тренинг за тренери:

  • Поттикнување на процесот на лична трансформација на наставниците
  • Оспособување за самостојно пренесување на знаења, вештини потребни за имплементација на НМИО
  • Развивање на вештини за пружање на поддршка во процесот на реализација на НМИО
  • Сензибилизирање за начини на промоција, градење, унапредување на концептот за интегрирано образование
  • Развивање на способности за успешна, објективна и непристрасна квалитативна евалуација на излезните продукти на НМИО

Содржини на програмата Тренинг за тренери – ТЕОРЕТСКИ ДЕЛ

  • Етос на интегрирани училишта
  • Непристрасен приод во воспитно-образовниот процес
  • Комуникација во интегрирано училишно опкружување
  • Медијација во интегрираните училишта
  • Соработка како предуслов за интеграција

Содржини на програмата Тренинг за тренери – ПРАКТИЧЕН ДЕЛ

  1. Реализација на воннаставни активности според НМИО
  2. Презентација на НМИО во матичните училишта на едукаторите
  3. Креирање на имиџ на интегрирани училишта

Во реализација на истите ќе бидат вклучени обучувачи од ТЦНМИЕ при НДЦ Скопје, како и домашни и меѓународни експерти за посочените области.

Обележја на програмата Тренинг за тренери се:

  • Интерактивен начин на работа
  • Двојазичен / тријазичен приод
  • Работа во мали групи
  • Групна дискусија
  • Симулации
  • Учење по пат на решавање на проблеми
  • Играње на улоги

Вклучените наставници, професори, стручни соработници се првата група на учесници во новата програма за обуки: Тренинг за тренери, во рамките на Тренинг центар Нансен модел за интегрирано образование при НДЦ Скопје.

Бројот на учесници, групи за овој вид на обуки континуирано ќе се зголемува и проширува, што воедно ќе влијае и врз зајакнувањето на капацитетите на НДЦ Скопје во насока на мултиплицирање на Нансен модел за интегрирано образование во воспитно-образовниот систем на Р.М. Учесниците кои активно ќе ги поминат сите предвидени теми, ќе добијат сертификат за завршена обука Тренинг за тренери.