Во текот февруари 2019. година, наставниците Емилија Прчкова и Атиџе Сеити со учениците од осмо одделение реализираа активности во рамки на Медиумско-сценска секција на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.

Тема на дневните активности беа “Плакат” и “Насловна страна”. За реализација на истите, учениците работеа во групи и изработија плакат за одреден настан и насловна страна на училишниот весник “Златен збор”, според сопствени идеи и насоки од страна на двете наставнички.

Цели на активноста се: зајакнување на интеракциските врски меѓу учениците и наставниците, проширување на знаења и информации за различни видови медиуми, нивната улога и значење во секојдневното живеење, поттикнување на креативноста и оригиналноста кај учениците и нивно оспособување за соработка, помагање и изразување позитивни емоции, поддржување самоорганизирање при реализирање заеднички проектни активности како и оспособување за препознавање на естетските компоненти во финалниот продукт.