Во периодот од 20-23 ноември 2018. година, делегација составена од претставници на НДЦ Скопје, наставници и директори  од Нансен модел училиштата претстојуваа на студиска посета во Белфаст, Северна Ирска. Делегацијата беше поздравена од персоналот на Советот за Интергрирано Образование на Северна Ирска (СИОСИ) и присуствуваше на презентацијата организирана од страна на г-ѓа Пола Меклуејн која ја презентираше историјата и развојот на интегрираното образование во Северна Ирска. За време на посетата, делегацијата го посети Интегрираното основно училиште “Форџ”, каде што беа поздравени од директорот на училиштето, г-дин Невил Ватсон и персоналот на училиштето. Групата, исто така, го посети интегрирано основно училиште “Милениум” каде директорот на училиштето, г-дин Бери Кориган, одржа презентација и посета на училишните објекти. Наставниците и директорите од Насен модел училиштата имаа одлична можност да се запознаат одблиску со работата на интегрираните училишта во Северна Ирска и напорите кои беа направени за да се унапреди работата на училиштата низ годините.

Во рамките на посетата во Белфаст, извршниот директор на НДЦ Скопје, г. Сашо Стојковски одржа презентација во канцеларијата на Европската комисија во Белфаст за историјата и развојот на Нансен моделот за интеркултурно образование и неговото влијание врз целокупниот образовен систем во Македонија. На презентацијата присуствуваа претставници на одделот за образование, вработените во СИОСИ, Фондот за интегрирано образование и наставниците.

Делегацијата предводена од НДЦ Скопје беше многу среќна што имаше можност да присуствува на прославата на настанот “Големите мали приказни”, како и промоцијата на книгата “Немаше бироа” организирана од Советот за Интергрирано Образование на Северна Ирска, под водство на извршниот директор на СИОСИ, Рушин Маршал во колеџот Лаган.

НДЦ Скопје срдечно им се заблагодарува на персоналот на СИОСИ како и на сите пријатели и поддржувачи од Северна Ирска за континуираната поддршка низ годините во заедничките напори за подобрување на образованието преку промовирање на интеркултурализмот, интеграцијата и инклузијата.