На 5 јуни, 2012 год. група одделенски наставници од Бујановац заедно со претставници на општина Лилехамер и дел од вработените во НДЦ од канцелариите во Белград и Бујановац го посетија НДЦ Скопје и првото интегрирано основно училиште во Јегуновце кое со спроведува Нансен моделот за интегрирано образование. Тимот на НДЦ Скопје ги презентираше претходните проекти како и тековните програмски активности, а пак во училиштето делегацијата имаше прилика да се запознае со наставничките и да видат дел од интегрираните воннаставни активности. Посетата беше дел од проектот за соработка помеѓу училиштата во Лилехамер и Бујановац.
