На 11 ноември, 2013 година, наставничките од основното училиште „Славчо Стојменски“ од општина Виница коишто ќе бидат вклучени во проектот Нансен модел за интегрирано образование беа во посета на основното училиште „Маршал Тито“ во Струмица каде што присуствуваа на една интегрирана воннаставна активност подготвена од наставниците Љубинка Цветанова, Даниела Митева и Мејдин Усинов. Активноста беше подготвена и реализирана двојазично (на македонски и турски јазик) и е дел на радовните активности коишто се спроведуваат според Нансен моделот за интегрирано образование. Наставничките од Виница имаа одлична прилика да се запознаат одблиску со моделот и да ги увидат позитивните резултати од интегрираните воннаставни активности.
Основното училиште „Славчо Стојменски“ наскоро ќе започне со примена на Нансен моделот за интегрирано образование, за таа цел, наставниот кадар којшто ќе биде одговорен за имплементација на проектните активности е вклучен на основното ниво на обука за интегрирано образование во рамките на Тренинг центарот на НДЦ Скопје.