Во периодот од 15 април до 1 јуни 2013 година се реализираше петтиот циклус од основниот пакет обуки за интегрирано образование. Петтиот циклус од основните обуки за интегрирано образование беше составен од два дела, односно реализација на практичен час според НМИО и полагање на теоретски дел. Наставниците од втората група кои ги следеа обуките за интегрирано образование во рамките на Тренинг центарот реализираа практичен час според Нансен модел за интегрирано образование во соработка со еден реализатор на интегрирани воннаставни активности во училиштата коишто го применуваат овој модел на образование. Практичниот дел се полагаше во периодот 15 април- 20 мај, 2013 година во следните училишта: ОУ „Шемшово“ (Фридтјоф Нансен)- општина Јегуновце, ОУ „Рајко Жинзифов“ (Исмаил Ќемали)- општина Чаир и ОУ „Страшо Пинџур“- општина Карбинци. Теоретскиот дел учесниците го полагаа во рамките на Тренинг центарот при НДЦ Скопје заклучно со 1 јуни, 2013 год.
Сите учесници успешно го положија практичниот и теоретскиот дел и ќе се стекнат со сертификат за успешно завршени основни обуки за интегрирано образование.
По завршувањето на основниот пакет обуки, сите учесниците имаат право да аплицираат на напредниот пакет на обуки за интегрирано образование.