На 18 февруари 2014 г. НДЦ Скопје го објави третиот практикум за наставници посветен на соработката со родителите во рамките на училиштата.

Целта на овој практикум е да понуди повеќе практични совети, насоки, препораки, предлози за развивање конструктивна комуникација, соработка со родителите и семејствата на учениците како најголеми поддржувачи и промотори на Нансен – моделот за интегрирано образование.

При креирањето на овој практикум тимот за едукација, обука и развој при НДЦ Скопје стави посебен акцент кон понудата на повеќе корисни и успешни модели и начини на сензибилизирање на родителите и семејствата за улогата на непосредното, отвореното комуницирање и соработување со родителите од две различни етнички заедници, т.е. од различни говорни подрачја.

Во практикумот се прикажани повеќе позитивни примери за успешна соработка помеѓу учениците, родителите и училиштето коишто произлегуваат од училиштата што веќе неколку години успешно го имплементираат Нансен – моделот за интегрирано образование.