На 25 октомври, 2013 г. НДЦ Скопје го организираше состанокот со управниот одбор којшто се одржа во просториите на Нансен дијалог центар Скопје.

На состанокот учествуваа: Стеинар Брин, членовите на Управиот одбор на НДЦ Скопје: Бенте Кнагенхјелм, Ингрид Вик и Назиктере Сулејмани како и претставниците на НДЦ Скопје: Сашо Стојковски, Ветон Зеколи, Билјана Крстеска- Папиќ и Мирлинда Алемдар.

Во текот на состанокот, претставниците на НДЦ Скопје ги претставија активностите за 2013 година преку различните оддели на организацијата. Статусот и развојот на НДЦ Скопје за периодот октомври 2012-2013 г. беше претставен преку петте презентации подготвени од страна на тимот на НДЦ Скопје.