НДЦ Скопје секогаш со задоволство и многу радост ги означува почетоците на новите иницијативи и исчекори.
Особено сме горди на воспоставената соработка со Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“, Скопје и со Forum Ziviler Friedensdienst – Macedonia Program преку која ќе се овозможи развивањето на интеркултурните компетенции и сензибилизираност на студентите, како идни и надежни наставници.
Со група студенти ќе се работи систематски на осветлување на повеќе аспекти на интеркултурно образование преку циклус од четири обуки кои ќе се оддржуваат тројазично, со примена на мноштво практични, групни и игровни активности.
Веруваме дека ова искуство ќе биде драгоцено за студентите во трасирањето на нивниот скорешен професионален пат.