На 29 септември 2017 година, НДЦ Скопје беше домаќин на состанокот на управните одбори на НДЦ Скопје и Фондацијата за интегрирано образование. На средбата присуствуваа Елизабета Зилјстра Јовановска – претседател на одбор на НДЦ Скопје, Бенте Кнагенхјелм – Нансен Центар за мир и дијалог, Осло, Норвешка, Норин Кемпбел – поранешна директорка на НИЦИЕ, Ерван Фуере, поранешен амбасадор во Делегацијата на ЕУ во Скопје, Зви Бекерман – школа за образование, Мелтон Центар, хебрејски универзитет, Израел, Симоне Филипини, директор на Институтот за мултилатерална демократија, Холандија, Стеинар Брин – основач на Нансен дијалог мрежата, Лилехамер, Норвешка, Најџел Арнолд – директор на интегрирано основно училиште во Гленгормли, Белфаст, Северна Ирска и персоналот на НДЦ Скопје.
Во текот на средбата беа презентирани на активностите, достигнувањата и резултатите на НДЦ Скопје од периодот март 2016 година до сега. Работата на НДЦ Скопје беше презентирана пред членовите на Одборите од страна на Сашо Стојковски – извршен директор на НДЦ Скопје, Билјана Крстеска Папиќ – менаџер на Тренинг Центарот и Ветон Зеколи, проект менаџер на НДЦ Скопје. По презентациите, членовите на управните одбори разговараа за идните активности и стратешките цели на НДЦ Скопје и Фондацијата за интегрирано образование.