Од 6-7 ноември 2017 година, Нансен Дијалог Центар Скопје организираше студиска посета во Северна Ирска, на покана од Советот за интегрирано образование на Северна Ирска. На студиската посета учествуваа следните членови: Ветон Зеколи, Билјана Крстеска-Папиќ, Сонај Билал од НДЦ Скопје, Сафет Незири – државен советник во Министерството за образование и наука, Сашо Шарески – директор на ООУ „Гоце Делчев“ Гостивар, Сефер Елмази заменик-директор на ООУ „Гоце Делчев“ Гостивар, Билјана Рахманова-Тасева- директорка на ООУ „Гоце Делчев“ Битола, Јадранка Поповски-директорка на ООУ „Братство“ Скопје, Радица Ацевска и Мирсада Идризи-наставнички реализатиори на НМИО при ООУ „Лирија“ Тетово и Зујца Стојанова-психолог при ООУ „Гоце Делчев“ Конче.
Целта на струдиската посета беше да се зголеми свеста за работата на НИЦЕ, да се зајакнат врските помеѓу НИЦЕ и НДЦ Скопје и да се посетат интегрирани училишта со цел да се добие подобар увид во интеграцијата во пракса и лидерството за интеграција.
На првиот ден од студиската посета, делегацијата имаше состаноци во просториите на НИЦИЕ, и се оствари средба со извршниот директор на НИЦИЕ, Роизин Маршал и претставничката на НИЦИЕ Паула Меклвејн. Делегацијата исто така се состана со Управниот одбор на АПТИС (Здружение на директори на интегрирани училишта), Патриција Муртаг (Hazelwood ИОУ) , Најџел Арнолд (Glengormley ИОУ), Кристин Боал (Crumlin ИОУ). Првиот ден од посетата беше завршен со презентации на НДЦ Скопје и сесија со дискусии во зградата на Парламентот.
Презентациите беа реализирани од страна на Билјана Крстеска-Папиќ, менаџер на Тренинг центарот при НДЦ Скопје, Ветон Зеколи, проект менаџер на НДЦ Скопје и Сонај Билал, координатор за едукација, обука и развој при НДЦ Скопје.
На вториот ден од студиската посета, делегацијата го посети Loughview интегрираното училиште, каде што остварија средба со Мајкл МекКрајт, директор на Loughview ИОУ. Делегацијата имаше можност да дознае повеќе за историјата на училиштето, како и да се сретне со учениците и училишниот персонал. Вториот ден од студиската посета продолжи со средбата со Пол Каски, раководител за кампањи при Фондот за интегрирано образование (ИЕФ). Информациите презентирани пред делегацијата беа од големо значење во поглед на споделување на најдобрите практики во прибирањето средства и управувањето со кампањи за поддршка и промовирање на интегрираното образование.
Нансен Дијалог Центар Скопје им се заблагодарува на колегите од Советот за интегрирано образование на Северна Ирска за одличната гостопримливост и прекрасните состаноци во интегрираните училишта и институции релевантни за нашето поле на работа.