На 12.03.2020. година, Нансен Дијалог Центар Скопје потпиша Меморандум за соработка соКоординативното тело за изготвување и следење на имплементација на Национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот 2020-2022, при Влада на Република Северна Македонија.

Овој долгорочен чекор ќе има важно и позитивно влијание врз сензибилизирањето на воспитно-образовниот кадар во државата за многубројните аспекти и повеќеслојните димензии на интеркултурното образование.

Нансен Дијалог Центар Скопје ќе понуди содржински богати и интерактивни обуки за 180 просветни работници од основно и средно образование, коишто ќе дадат значаен придонес во развој на концептот и етосот за интеркултурно образование, како еден од клучните приоритети на нашето општество.