Од 6-8 мaрт 2012, НДЦ Скопје претставен од проект менаџерот Ветон Зеколи учествуваше во инаугуралната конференција за интегрирано образование и едукација за мир, Глобална мрежа за пракса и истражување организирана од страна на Советот за интегрирано образование на Северна Ирска.
Конференцијата создаде една меѓународна мрежа на академци, невладини организации и работници на полето на интегрирано образование. Претставници од Израел, Босна и Херцеговина, Македонија, Хрватска и Кипар дискутираа околу предизвиците и искуствата за време на развојот на интегрираното образование во нивните земји.
Општата цел на конференцијата беше да се разменат меѓународните иницијативи за интегрирано образование како дел од обидите за мир и кохезија. Според агендата, сесиите на првиот ден беа посветени на презентациите на предизвиците за време на примената на иницијативите за интегрирано образование во поделени општества.
Ветон Зеколи го претстави НДЦ Скопје со една презентација која ги илустрираше перспективите, предизвиците и искуствата на организацијата во однос на обидите за развој и примена на интегрираното образование во Македонија.
На вториот ден од конференцијата, учесниците ги посетија интегрираните училишта во Белфаст и туристичките атракции. Едно од посетените училишта беше и првото интегрирано училиште Lagan College во Белфаст, каде што учесниците имаа можност да научат повеќе околу традицијата и развојниот процес на оваа образовна институција. Последниот ден од конференцијата беше посветен на истражувањето на идеите и можностите за создавање на една меѓународна мрежа за пракса и истражување на полето на интегрирано образование, која ќе нуди поддршка за иницијативите на различни општества кои планираат активности во полето на интегрираното образование. Како додаток, сите искуства и перспективи презентирани во конференцијата ќе бидат печатени во една заедничка книга која ќе биде објавена во иднина.
Д–р Клер Мекглин од Универзитетот Queens рече дека овој настан е добра можност за да се соберат пиноерите од полето на интегрирано образование во поделени општества за да ги споделат нивните искуства и знаења.
“Да добиеш знаење за другите кои се соочуваат со слични проблеми, дава перспектива и повеќе знаење околу проблемите и решенијата” – рече Д – р Зви Бекерман, професор во Еврејскиот Универзитет во Јерусалем.