На 17 февруари, 2014 г. претставниците на НДЦ Скопје Сашо Стојковски, Ветон Зеколи и Мирлинда Алемдар учествуваа во семинарот насловен „Мир и политика“ организиран во рамките на Универзитетскиот колеџ – Лилехамер. Претставниците на НДЦ Скопје ја претставија програмата за дијалог и реконцилијација и Нансен моделот за интегрирано образование. На семинарот учествуваа професори, административниот персонал и студентите од универзитетот. Презентацијата на НДЦ Скопје  беше проследена со големо внимание и си интересна сесија со прашања и одговори.

За повеќе фотографии, кликнете тука.