Во текот на февруари 2019., наставниците Елена Поповска и Линдита Јусуфи заедно со учениците од седмо одделение спроведоа активности во рамки на месечната тема “Низ Европа – Шкотска и Велс“ од Секцијата Образование за мир и толеранција на Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

Преку воведни игри учениците беа запознаени со дневната тема: Јазик, музика, храна и обичаи. За реализација на дневната активност учениците работеа во групи во кои изработија рамки за слики и составија сложувалки со знамињата на Шкотска и Велс. Тие исто така изработија постери со информации за јазиците, музичките инструменти, традиционалните носии и храна.

Цели на овие активности се: продлабочувањето на предзнаењата на учениците за традицијата, обичаите и јазиците во Шкотска и Велс, збогатувањето на активниот вокабулар на учениците со нови поими во врска со програмските ситуации, поттикнување и поддржување на позитивна социо-емоционална клима во групата со етнички хетероген состав како и негување на силни интеракциски врски меѓу учениците при реализирањето на групните проектни задачи.