Со големо задоволство споделуваме со Вас, две прирачници за реализатори на Нансен модел за интеркултурно образование на македонски, албански и турски јазик:

  • Практикум I – кој нуди примери за интеркултурни воннаставни активности кои треба да послужат само како еден вид образец, ориентир за наставничките тандеми кога пристапуваат кон планирањето на воннаставна активност со цел да ги задоволат главните обележја на Нансен моделот за интеркултурно образование, и
  • Практикум II – Интеркултурен дизајн на училиштето, чии понудени модели треба да послужат само како еден вид урнек, ориентир за наставничките тандеми кога пристапуваат кон организирањето и уредувањето на училишниот простор со цел да ги зачува наедно и главните обележја на Нансен моделот за интеркултурно образование.

Се надеваме дека тие ќе ве инспирираат и поттикнат за осмислување, планирање и реализирање на уште многу нови, оригинални воннаставни активности и интеркултурни содржини што ќе послужат како темел во создавањето имиџ на едно училиште како интеркултурен центар во непосредното локално опкружување.