Во текот на ноември. 2018, наставниците Шпетиме Даци и Билјана Миновска заедно со учениците од петто одделение реализираа активности во рамки на Секцијата Креативно изразување и творење од Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.
Во текот на овие активности, учениците изработија разновидни новогодишни изработки, кои ги користеа за украсување на училницата.
Цели на оваа активност се: Поддржување на конструктивна комуникација и соработка меѓу учениците и наставниците од две различни етнички групи, негување на творечкиот потенцијал кај учениците, запознавање на учениците со одредени техники на уметничко изразување, како и оспособување на учениците за конструктивно тимско и тандемско соработување при реализирање на проектните задачи.