(29.12.2010) На 29.12.2010. година се оддржа новогодишната приредба: Дванаесете месеци, која масовно ја посетија родителите на учениците од двете генерации. Сигурниот јавен настап на учениците, весели и динамични музички нумери, како и прикладни стихотворби ја обележаа приредбата. Најголемото изненадување предизвика доаѓањето на Дедо Мраз кој заслужено ги награди децата со долго очекуваните пакетчиња.