На 26 декември 2012 година за учениците вклучени во проектот Нансен модел за интегрирано образование беше подготвена програма за одбележување на новогодишните празници. Во ОУ Страшо Пинџур за учениците беше организирана лотарија со подароци а учениците се претставија со караоке претстава која ја подготвиле заедно со нивните наставници кои се воедно и реализатори на интегрираните воннаставни активности.
Во ОУ Рајко Жинзифов- Чаир, учениците уживаа во пријатната и забавна атмосфера приредена од професинален магионичар за деца и со задоволсто учествуваа во програмата каде имаа прилика и самите за миг да ја играат улогата на магионичари.