Новиот прирачник на НДЦ Скопје е креиран како поддршка на наставници, стручни соработници, родители, но и заинтересирани поединци во развивање на интеркултурна, инклузивна и топла атмосфера во училниците, со цел секој да се чувствува добредојдено, препознаено и прифатено!
Публикацијата е мал водич низ интеркултурни предизвици и произлезе како резултат на желбата да се надминат многубројни дилеми, а понекогаш и погрешни перцепции за интеркултурните аспекти на воспитно-образовниот процес.