(18.10.2010) На 18.11.2010 година учениците од второ и трето одделение беа на посета кај семејствата Адеми и Реџепи по повод верскиот празник Курбан Бајрам. Реализираните посети беа во функција на запознавање на учениците со обележјата и обичаите типични за прославувањето на празникот. Посетите ги обележа пријатна семејна празнична атмосфера, како и можноста за меѓусебно дружење на сите ученици.