На 20. февруари 2019. година, наставниците Маја Митева Петроска и Захарица Илиеска  заедно со учениците од второ и трето одделение спроведоа активности во рамки на темата “Обичаи” од Секцијата Запознај ја Македонија на Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

Учениците се запознаа со темата на активноста преку техниката бура на идеји. Тие работеа во групи и секоја група доби посебни инструкции за работа како: изработка на книга со наслов: Традиционална и современа македонска свадба, користејќи однапред подготвени илустрации за соодветните обичаи и краток опис за секој обичај, изработка на свадбени бонбони, свадбени покани и китенки.

Цели на овие активности се: запознавање на учениците со свадбените обичаи во минатото и денес, почитување на културните различности во Р. Македонија, поттикнување на соработничките односи меѓу учениците од различни етникуми, поттикнување и поддржување на позитивна социо -емоционална клима во групата како и негување на силни интеракции меѓу учениците.