Во текот на јануари и февруари 2019., наставниците Ленче  Анѓелкоска и Африме  Дурмиши заедно со учениците од трето одделение спроведоа активности во рамки на месечната тема “Обичаи” од Секцијата Запознај ја Македонија на Годишната програма за интеркултурни воннаставни активности.

За реализација на дневните активности: Традиционална македонска свадба и Традиционална албанска свадба, учениците гледаа видеа обичаи кои се изведуваат на свадби, изработија покани и свадбени украси, играа игри со натпреварувачки карактер и танцуваа традиционални македонски и албански ора.

Цели на овие активности се: промовирање на културниот идентитет преку запознавање со традиционална македонска и албанска свадба, здобивање со информации за разни обичаи кај традиционална македонска и албанска свадба, поттикнување љубов кон татковината и почитување на културните различности во Р. Македонија, поттикнување на почитување, помагање и соработување при извршување на активностите како и развивање на чувството на радост и задоволство при учењето низ игра.