Целта на овој Практикум е да се понудат различни содржини на сите непосредни реализатори на Нансен моделот за интегрирано образование, односно повеќе корисни и успешни модели, начини на сензибилизирање на учениците, нивните родители и семејствата за мултикултурните вредности, благодарение на елементите коишто се вградени и содржани при уредувањето на училишниот простор кој, всушност, е еден вид извор или „скриен“ курикулум.
Содржината на Практикумот е наменета да ги инспирира и поттикне наставниците за осмислување на многу нови, оригинални мултикултурни содржини што ќе послужат како темел во создавањето имиџ на едно училиште како мултикултурен центар во непосредното локално опкружување.